Народната банка ја потврдува безбедноста на златните резерви на државата, кои се чуваат во Банката на Англија во Лондон.
За време на директна инспекција, гувернерот Трајко Славески и неговиот тим извршиле проверка на 6,9 тони злато, со пазарна вредност од околу 800 милиони евра, и утврдија дека шипките се согласно меѓународните стандарди и се совпаѓаат со сериските броеви.
Според НБ, златото е во алоцирана форма и ги исполнува стандардите на лондонскиот пазар на злато, што значи дека содржи најмалку 99,5% чисто злато.
Инаку, одлуката златото да се чува во Банката на Англија е донесена во 2010 година, имајќи ја предвид безбедноста и флексибилноста што ја нуди инфраструктурата на централната банка, како и пристапот до лондонскиот пазар – најголемиот пазар на злато во светот.
TV21


