December 2, 2025

Симулација на авионска несреќа на охридскиот аеродром – полицијата и службите со успешна вежба

Вчера, полициски службеници од СВР Охрид и граничната полиција Регионален центар „Запад“, учествуваа на симулирана показна вежба „ Воздухоплов со запален мотор на полетување“ што се одржа на охридскиот аеродром „ Св.Апостол Павле“.  

Притоа, полициските службеници, ги увежбуваа и ги спроведоа предвидените мерки согласно безбедносните протоколи и постапија по план за преземање активности за реакција и поддршка во услови на појава на безбедносни инциденти на воздухоплов.

Целта на оваа вежба беше подигнување на степенот на оперативност на предвидените тактичко технички мерки на сите служби во насока на брза и ефикасна реакција при случаи на појава на безбедносен инцидент со воздухоплов, ажурирање на координативните мерки , меѓусебната комуникација и информирање за инциденти и сл.  

Во вежбата учество зедоа ТАВ „Аеродром“- Охрид, АКЛ, противпожарни екипи од „ТАВ“ и ТППЕ „Охрид“ и ТППЕ „Струга“, медицински екипи од „ТАВ“ и амбуланта „Охрид“ и „Струга“, „Црвен Крст“. 

Вежбата успешно заврши со покажана висока ефективност во реализацијата на предвидените безбедносни мерки.

Read Previous

Мицкоски за „Сејф Сити“: Подготвени сме како Влада да ги трпиме сите критики, само да спасиме човечки животи

Read Next

Македонија има 6,9 тони злато: Вредноста е 800 милиони евра, НБРМ вели дека е во Лондон на безбедно