Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски оствари средба со Стопанската комора на Македонија–Турција (MATTO), на кој се разговараше за можности за заеднички проекти и развој на Општина Центар.
На средбата претставниците на MATTO му упатија честитки по повод именување на функција градоначалник со втор мандат на Општина Центар.
„Соработката со MATTO ќе донесе нови можности за развој на Општина Центар”, изјави градоначалникот на денешната средба со претставниците на Стопанската комора на Македонија–Турција (MATTO)
Двете страни ја потврдија подготвеноста за унапредување на соработка преку иницијативи и проекти кои ќе придонесат за економскиот и општествениот развој на општината. Турските инвеститори и македонските компании во рамки на MATTO изразија интерес за партнерства што ќе создадат нови развојни можности и ќе ја зајакнат локалната економија.

