Учениците од гимназија во Подгорица и во Даниловград се евакуирани поради лажни дојави за поставена бомба.
Во Црна Гора од почетокот на неделата имаше повеќе лажни дојави за поставени бомби во средните училишта.
Изминатите неколку години дојавите за поставени бомби во училиштата се чести посебно на почетокот на школската година, но и на крајот од полугодијата. А, најчесто пријавувале малолетни ученици.

