November 20, 2025

Претседателот на Собранието, Гаши, потпиша Меморандум за соработка со Меѓународниот парламент за толеранција и мир

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши и претседателот на Глобалниот совет за толеранција и мир, г. Ахмед бин Мохамед Алџарван денес во Скопје потпишаа Меморандумот за соработка помеѓу Собранието на Северна Македонија и Меѓународниот парламент за толеранција и мир (IPTP).

Потпишаниот Меморандум претставува важна институционална рамка што има цел да ја продлабочи меѓународната парламентарна соработка во областите на толеранцијата, мирот и демократскиот дијалог; да овозможи редовно учество на Собранието на РСМ на седниците, комитетите и иницијативите на IPTP; спроведување на континуирана размена на информации за активностите, документите и парламентарните проекти на оваа организација; координација на можностите за спроведување на заедничките настани, конференциите и проектите од заеднички интерес.

Потпишаниот Меморандум претставува важен чекор во унапредувањето на улогата на Собранието на РСМ на меѓународната арена и значаен придонес во промовирањето на вредностите на дијалогот, меѓусебното почитување и глобалниот мир.

Read Previous

Хрватска испраќа 151 војник во мисијата КФОР во Косово

Read Next

Скопје го задржува статусот Европска престолнина на културата за 2028 година