Фудбалската репрезентација на Македонија ќе игра против Данска во полуфиналниот бараж за пласман на Светското првенство во САД, Мексико и Канада.
Доколку Македонија успее да го мине полуфиналето на 26 март, во финалето на 31 март, повотено ќе гостува кај победникот од дуелот меѓу Чешка и Република Ирска.
Европски плејоф, полуфинале:
Патека А: 1. Италија-Северна Ирска , 2. Велс- Босна и Херцеговина
Патека Б: Украина-,Шведска Полска-Албанија
Патека Ц: Турција-Романија, 2. Словачка-Косово
Патека Д: Данска-Македонија, 2. Чешка-Република Ирска
Интерконтиненталниот бараж ќе се игра во Мексико, на стадионите во Гвадалахара и Монтереј. Учествуваат шест репрезентации, во финалето ќе ги чекаат ДР Конго и Ирак.
ДР Конго ќе игра со победникот од натпреварот Нова Каледонија-Јамајка, а Иран ќе се сретне со победникот од дуелот меѓу Боливија и Суринам.
Досега пласман на СП изборија 42 репрезентации.
Од Европа, Англија, Франција, Хрватска, Португалија, Норвешка, Германија, Холандија, Белгија, Шпанија, Шкотска, Австрија и Швајцарија ќе играат на Светското првенство следното лето.
Бранителот на титулата Аргентина, Бразил, Колумбија, Еквадор, Парагвај и Уругвај се квалификуваа од Јужна Америка.
Австралија, Јужна Кореја, Иран, Јапонија, Јордан, Узбекистан, Катар и Саудиска Арабија се квалификуваа од Азиската зона.
Претставник на Океанија е Нов Зеланд, а од Северна, Централна Америка и Карибите (КОНКАКАФ) се квалификуваа Панама, Курасао и Хаити, како и домаќините САД, Канада и Мексико.
Од Африка пласман на Мундијалот обезбедија Мароко, Тунис, Алжир, Египет, Гана, Зелено’ртски Острови, Јужна Африка, Сенегал и Брегот на Слоновата Коска.

