November 13, 2025

МАТТО и Орце Ѓорѓиевски со заедничка визија за економски развој на Скопје

Делегација од Стопанската комора на Македонија–Турција (МАТТО) оствари работна посета кај новоизбраниот градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

На средбата се разговараше за унапредување на билатералната соработка меѓу бизнис-заедницата и локалната самоуправа, за можностите за реализација на заеднички проекти, како и за конкретните придобивки што тие би ги донеле за граѓаните на Скопје.

Делегацијата на МАТТО беше предводена од претседателот Ајдован Адемоски, а во неа учествуваа потпретседателот и генерален директор на HALKBANK A.D. Skopje, Фатих Шахбаз, заменик-претседателите Имер Селмани и Марија Томеска, членот на Управниот одбор Мите Стојковски и извршниот директор Шахпаз Молалиев.

МАТТО, како еден од најактивните деловни мостови меѓу Северна Македонија и Турција, продолжува да ја зајакнува економската и општествената соработка преку партнерства со јавните институции и локалните власти, насочени кон развој, инвестиции и подобар животен стандард на граѓаните.

Read Previous

МВР во петок ќе уништува гранати во Полицискиот центар во Ѓорче Петров

Read Next

Министерката за енергетика во посета на лабораторијата за проверка на броила на Електродистрибуција