November 7, 2025

Вчера започна 72 часовна акција за чистење во Скопје

Новиот градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, кој вчера ја презеде функцијата од неговата претходничка, Данела Арсовска, најави дека вчера вечер во 20 и 30 часот ја започна големата акција за чистење на градот.

„Од овој ден испишуваме ново поглавје во историјата на нашиот град. Поглавје исполнето со работа, посветеност и резултати. Ветивме дека ќе работиме чесно, одговорно и без одлагање и тоа започнува веднаш! Во 20:30 часот започнува големата акција за чистење на градот. Во следните 72 часа ќе го исчистиме секој агол, секоја улица, секој запуштен простор. Скопјани повеќе нема да живеат во запуштеност ќе живеат во град достоен за нив. Тоа е она што го ветив пред вас и за што цврсто стојам!“, објави Ѓорѓиевски.

Тој, исто така, кажа дека ги отстранил и рампите кај Град Скопје.

„Ги отстранивме и рампите. Скопје повеќе нема да биде затворен град, сега е отворен и за медиумите и за сите граѓани“, објави новиот градоначалник.

Ѓорѓиевски најави и целосна ревизија на работата на градската администрација и ветува дека секој кој не ја извршувал својата работа, ќе си замине, а секој чесен, вреден и одговорен работник ќе биде награден и почитуван.

Read Previous

Николоски: Го потпишавме договорот за изградба на заедничкиот пограничен тунел со Бугарија

Read Next

Во Скопје се одржа конференција по повод 100-годишнината од раѓањето на Алија Изетбеговиќ