November 6, 2025

Ден на жалост во Федерацијата БиХ и Црна Гора по трагичниот пожар во домот за стари лица во Тузла

Денеска е прогласен ден на жалост во Федерацијата Босна и Херцеговина и во Црна Гора, по пожарот што во текот на ноќта од вторник кон среда ја погоди зградата на домот за стари лица во Тузла. Во трагичниот настан загинаа 11 лица, а повеќе од 40 се повредени, јавија локалните медиуми.

Во Федерацијата БиХ, Владата нареди знамињата на јавните институции да бидат спуштени на половина копје, а сите културни и забавни настани на јавни места да бидат откажани. Во Црна Гора исто така беше прогласен ден на жалост.

Во државата не беше донесена заедничка одлука на ниво на цела БиХ, бидејќи министри од Република Српска не го поддржаа предлогот, што дополнително ја отсликува сложената политичка структура на земјата.






TRN

Read Previous

Директорот на Царина за извештајот на ЕК: Нотиран висок напредок во областа Царинска унија