Кандидатот на владеачката коалиција на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски е нов градоначалник на Скопје.
Во вториот круг од локалните избори 2025-та, Ѓорѓиевски го победи Амар Мециновиќ од Левица. Ѓорѓиевски по преброени 99,12% од гласовите има 94.622 (57,19%). Мециновиќ освои 60.528 гласови односно 36,58%.
Излезноста во главниот град беше ниска и изнесува 35,24% од запишаните односно една третина од вкупното избирачко тело. Дополнително има 10.315 неважечки ливчиња што е над 6,23% од оние што излегле да гласаат односно 2,2% од вкупниот број на запишани избирачи во Скопје.


