October 31, 2025

Втор круг од локалните избори: Во недела нема гласање во Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово

Во четири општини Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово и Ростуше нема да се гласа в недела, бидејќи на првиот круг од локалните избори не беше постигнат законскиот цензус од една третина излезност.

Поради тоа, согласно Изборниот законик, ќе се повтори целата изборна постапка во овие општини.

Новото гласање треба да се одржи во рок од 60 дена по објавувањето на конечните резултати од Локалните избори 2025.

Во недела, пак, ќе се одржи вториот круг од изборите, на кои ќе се избираат градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје, додека во 44 општини градоначалници беа избрани уште во првиот круг.






ТV21

Read Previous

За викендот суво, од понеделник при крајот на денот повторно дожд

Read Next

Скопскиот аеродром планира во зимската сезона да опслужи околу 548.000 патници повеќе од лани