 
									                                Скопскиот и белградскиот аеродром, според објавениот зимски ред на летање, се очекува да го забележат најсилниот раст во регионот, со по повеќе од половина милион патници, што се должи пред сè на проиширувањето на авиолиниите на „Виз ер“.
Аеродоромот во Скопје планира до 28 март да опслужи околу 548.000 патници повеќе од лани, а белградскиот 518.000. На аеродромот во Охрид, пак, се очекува зголемување од 24.000 патници, објави специјализираниот портал „Ex-Yu aviation“.
Речиси сите аеродроми во поранешна Југославија го зголемуваат својот расположлив капацитет во споредба со минатата година.
Аеродромот во Загреб ги комплетира првите три со најголем раст во регионоот, со 176.000 патници повеќе од зимската сезона 2024/25, а главен двигател таму е „Кроација ерлајнс“, која ja проширува својата флота и мрежа.
Четврти по раст се очекува да биде аеродромот во Сараево со 113.000 патници, тузланскиот планира зголемување за 96.000 , љубљанскиот за 91.000, а аеродоромот во Ниш за 88.000 патници.
Севкупно, пазарите на поранешна Југославија оваа зимска сезона нудат 13.165.258 седишта на редовни летови во 84.633 авиооперации.
Најпрометна меѓународна дестинација кон која се насочени авиоператорите од регионот, е аеродромот во Истанбул, со 473.568 патници, по што следуваат Цирих со 414.502 и Истанбул – Сабиха Гокчен со 342.704.
За оваа зима досега вкупно се закажани 26 нови рути од аердормите во поранешна Југославија
 
															 
								

