October 20, 2025

Еве во кои 33 општини ќе има втор круг на гласање

По вчерашниот прв круг од локалните избори во 2025 година, 44 општини веќе добија градоначалници кои ќе раководат со нив во следните четири години. Во најголем број од нив победија кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ.

Во 33 општини ќе има втор круг на гласање кој треба да се одржи на 2. ноември.

Неизвесно е дали во Старо Нагоричане ќе има втор круг, каде кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Мирослав Славковски има 50% од гласовите од 99,83% од преброените гласови. Исто така е неизвесно дали во Гостивар ќе има цензус, со оглед дека недостасуваат само 24 гласови, односно таму има 33,31% излезност.

Втора шанса на локалните избори ќе добијат водечките кандидати во во Аеродром, Брвеница, Валандово, Виница, Дебарца, Демир Капија, Дојран, Зрновци, Карпош, Кичево, Конче, Кочани, Македонска Каменица, Македонски Брод, Могила, Неготино, Пробиштип, Ранковце, Чешиново-Облешево, Боговиње, Дебар, Долнени, Тетово, Крушево, Лозово, Росоман, Центар, Чучер Сандево, Струга, Шуто Оризари, Куманово, Студеничани и Град Скопје. 

Градоначалници во прв круг се избрани во Берово, Битола, Босилово, Бутел, Василево, Вевчани, Велес, Гази Баба, Гевгелија, Ѓорче Петров, Градско, Делчево, Демир Хисар, Зелениково, Илинден, Јегуновце, Кавадарци, Карбинци, Кисела Вода, Кратово, Новаци, Ново Село, Охрид, Петровец, Пехчево, Прилеп, Радовиш, Ресен, Свети Николе, Сопиште, Струмица, Штип, Арачиново, Желино, Сарај, Теарце, Чаир, Богданци, Крива Паланка, Кривогаштани, Липково, Пласница, Чашка. Ако се случи условот за излезност од најмалку една третина да биде исполнет, градоначалник ќе биде избран и во Гостивар.






TV21

Read Previous

Локални избори 2025: ВМРО-ДПМНЕ и коалцијата победуваат во повеќе општини

Read Next

Историски најниска излезност на локалните избори во вчерашниот прв круг