October 20, 2025

Историски најниска излезност на локалните избори во вчерашниот прв круг

Излезеноста на последните локални избори за градоначалници и советници, според подаатоците на ДИК, за првпат нема да надмине 50 проценти во првиот круг.

Излезноста во првиот круг на осмите локални избори, од независноста на земјава досега, што се одржаа вчера, најверојатно ќе биде најмала досега со 48.29% според обработени 99.94% избирачи од 3 472 избирачки места од вкупно 3 474.

Најголема излезност во првиот круг на изборите за градоначалници во земјава имало на Локалните избори во 2013 година – 67 отсто.






Skopjeinfo

Read Previous

Еве во кои 33 општини ќе има втор круг на гласање

Read Next

Kандидатите на Вреди и ДУИ ќе се соочат во втор круг во Тетово