December 1, 2025

МОН и УЈП ќе ја унапредуваат финансиската едукација во училиштата

Министерството за образование и наука и Управата за јавни приходи потпишаа меморандум за спроведување на проект чија цел е унапредување на финансиската едукација и даночната писменост кај младите.

Ќе бидат опфатени сите основни и средни училишта, затоа што, како што посочија потписниците на документот – министерката за образование и наука, Весна Јаневска и директорката на УЈП, Елена Петрова е исклучително важно да создаваме генерации кои ќе го разбираат значењето на даноците, функционирањето на даночниот систем, улогата на УЈП и другите финансиски институции.

Едукацијата ќе се реализира на интересен и интерактивен начин – преку игри, симулации и креативни работилници, а стекнатото знаење ќе се проверува со даночен квиз, односно натпревар меѓу учениците. Активностите во училиштата започнуваат во декември и ќе се реализираат до крајот на учебната година.

Јаневска и Петрова очекуваат висока ефективност, а резултатите од проектот може да послужат како основа за надградување на наставните програми во иднина.

Read Previous

МВР со дронови ќе ги „чува“ избирачките места

Read Next

Денес гласаат 2.162 затворениците, болните и изнемоштени и лицата во старските домови