November 28, 2025

Почина Владимир Блажев – Панчо од дуото „ДНК“, 63. жртва од пожарот во Кочани

Почина Владимир Блажев – Панчо, член на познатото музичко дуо „ДНК“, речиси седум месеци по несреќата во Кочани, кога во пожар во дискотеката „Пулс“ се здоби со сериозни изгореници и повреди.

По несреќата на 16 март Панчо беше пренесен во Клиничкиот центар во Скопје, а потоа во приватна клиника, каде што во изминатите месеци беше подложен на повеќе операции.

И покрај долгото лекување, тој им подлегна на повредите.

Од клиниката „Систина“ изразија длабоко сочувство до семејството, неговите најблиски и до целата македонска јавност.

Панчо беше познат не само по музичката кариера туку и по хуманитарната работа, помагајќи им на многу семејства што имаа потреба.

Трагедијата во Кочани се случи на 16 март 2025 година кога во ноќен клуб во градот избувна голем пожар. Вкупно починаа 63 лица, а околу 200 беа повредени.

Настанот предизвика силни реакции во јавноста, со барања за целосна истрага и изведување на виновниците пред лицето на правдата.

Read Previous

Македонија добива фабрика за вештачка интелигенција

Read Next

Сиљановска – Давкова: Словачка е долгогодишен и доверлив поддржувач на европската интеграција на Северна Македонијa