October 4, 2025

Трговците на големо и мало ќе платат околу 2 милиони евра казни поради неправилности со цените на прехранбените производи

Трговците на големо и мало ќе ѝ платат на државата казни од околу 2 милиони евра, поради бројни неправилности со цените на прехранбените производи, утврдени при 18.000 контроли од страна на пазарните инспектори.

Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, најави дека до крајот на годината ќе започне и санкционирање на компаниите кои го прекршиле Законот за нефер трговски практики.

Тој најави и развој на бесплатен софтвер за трговците, кој ќе овозможи транспарентно прикажување на цените, додека граѓаните, со помош на вештачка интелигенција, ќе може сами да креираат потрошувачка кошничка.






Skopjeinfo

Read Previous

УЕФА го именува Омерагиќ за член во едно од најважните тела во европскиот фудбал – HatTrick комисијата

Read Next

Турција ја презеде командата над Мировните сили на НАТО во Косово