October 4, 2025

УЕФА го именува Омерагиќ за член во едно од најважните тела во европскиот фудбал – HatTrick комисијата

Првиот човек на Фудбалската Федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ денеска информираше дека УЕФА го именувала за член на HatTrick комисијата – тело во европскиот фудбал кое одлучува за инфраструктурни проекти и едукативни програми за националните асоцијации.

„Голема чест и одговорност за мене е што УЕФА ме именуваше за член на HatTrick комисијата, едно од најважните тела во европскиот фудбал кое одлучува за инфраструктурни проекти и едукативни програми за националните асоцијации, истакна Омерагиќ.

Тој искажа благодарност до претседателот Александар Чеферин и до Извршниот комитет на УЕФА за довербата

„Во важен период за македонскиот фудбал, со посветеност ќе се трудам да го претставувам во комисијата одговорна за инфраструктурни проекти и да влијаам на бројни процеси и активности поврзани со работата на националните асоцијации, порача претседателот на ФФМ.






Skopjeinfo

Read Previous

Од понеделник 70% помалку автобуси, без решение приватните превозници најавуваат прекин