October 3, 2025

Монструозна бура ја погоди Грција,  многу патишта останаа поплавени

Поради обилните дождови што паднаа за време на силната бура во Грција, многу патишта останаа поплавени, а некои места беа отсечени. Големи порои однесоа возила, а се отворија и многу свлечишта, пишува The Sun.

Огромната бура предизвика затворање на училиштата низ целата земја откако властите оценија дека е небезбедно да се посетува настава.

Покрај локалното население, силната бура зафати и многу туристи коие се на одмор во Грција, поради што мораа да побараат помош од локалните служби за итни случаи.

Грција сега се подготвува за дополнителни 48 часа пекол поради град и обилни дождови.

Метеорологот Јоргос Цатрафилијас рече дека продолжувањето на бурата ќе донесе „силни грмотевици, налети на ветрови, ненадеен пад на температурата, па дури и снег на планината Кајмакчалан“.

Грција е само една од голем број земји што беа погодени од силна бура во последните денови. На почетокот на неделата, жителите на италијанскиот град Агриџенто и населбата Сан Леоне на Сицилија беа исто така заробени во своите домови поради ненадејните поплави што следеа по бурите.

Ибица, исто така, претрпе големи штети, додека три лица беа повредени при одрон на карпи врз хотелски комплекс. Шпанската влада беше принудена да ја распореди војската за да ѝ помогне на Ибица да се справи со опасните поплави.






Vecer

Read Previous

До 15 октомври сите дефекти на мрежата за централно греење ќе бидат остранети, објави Владата