October 2, 2025

Уште нема казни – МВР издаде 71 опомена за пешаците кои се движеа со телефон или слушалки

Од минатиот петок стартуваше примената на измените и  дополнувањата на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Новите законски решенија се воведуваат во насока на елиминирање на одредени навики кај пешаците и возачите од определени категории возила. Пешаците кои ќе минуваат пешачки со слушалки во уши ќе добијат казни во висина од 40 и/или 50 евра , а ова важи и за велосипедистите и возачите на електрични тротинети. Не смеат да користат ниту смарт уреди, како што се телефони, часовници…

Засега нема казни. Како што информираат од полицијата за Скопје Инфо од изминатиот петок, до вчера, не се изречени казни, туку само опомени со цел овие учесници во сообраќајот да бидат запознаени со новите закони. 

– Во периодот од 26.09 до 29.09.2025 од страна на полициски службеници од СВР Скопје издадени се 71 опомена за граѓаните. Со санкции кон граѓаните ќе се започне кога истите веќе ќе бидат запознаени со новите измени во законот, рекоа од МВР за Скопје Инфо. 

Изминатите денови имаш бурни реакции на социјалните мрежи по повод измените и  дополнувањата на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата . 

Пешакот е должен кога се движи по коловоз или кога преминува преку коловозот и велосипедската патека или лента да се движи и преминува внимателно, без притоа да користи електронски уреди, како што се слушалки во двете уши, мобилен телефон, таблет, смарт часовник или друг вид електронски уред со кој би му се намалило вниманието. Возачот на велосипед, велосипед со помошен мотор, мопед, мотоцикл, трицикл и за време на управувањето со возилото не смее да се користи електронски уреди со кои би му се намалила можноста за реагирање и сигурно управување со возилото. Возачот на електричен тротинет за време на управувањето со возилото не смее да користи електронски уреди со кои би му се намалила можноста за реагирање и сигурно управување со возилото







Skopjeinfo

Read Previous

Граѓаните сè почесто ги избираат дигиталните канали за плаќање