
57 случаи на западнонилска треска се регистрирани во Србија оваа година, соопшти денес Институтот за јавно здравје на Србија „Д-р Милан Јовановиќ Батут“. Меѓу нив доминираат мажите (65 проценти), а просечната возраст на заболените е 68 години.
Меѓу случаите пријавени заклучно со 21 септември, најголем број е во областа на Белград (23) и во Јужнобачкиот округ (11).
Сезоната на пренос на вирусот Западен Нил во Србија обично трае од јуни до ноември. Западнонилска треска е сезонска болест која се пренесува преку каснување од заразен комарец, а главен вектор на вирусот е видот комарец „Culex pipiens“.
Provereno