September 23, 2025

Скопје се најде меѓу десетте „најпотценети туристички дестинации“ во светот што треба да се посетат во 2026 година

Списанието „Тајмaут“ сподели листа на „најпотценетите дестинации во светот што треба да ги посетите во 2026 година“, а на неа се најде и македонската престолнина. Уредничката за патувања на изданието, Грејс Брд издвои 33 градови и знаменити месности од целиот свет, а Скопје е на 8. место.

„Не без причина Скопје е наречен ‘Лас Вегас на Балканот’. Македонскиот главен град е земја на чудата со кичести статуи, вклучувајќи ја и репликата за почит на Триумфалната порта од Париз и 22-метарскиот ‘Воин на коњ’ со фонтана. Ако чувството дека посетувате тематски парк за возрасни не е доволно, тука е и историскиот пазар – Старата чаршија, совршен за попладне минато во пешачење“, се вели во описот.

За крај, редакцијата го препорачува македонското тавче-гравче, коешто не е тешко да се најде во Скопјe.

На топ-листата се најдоа и полуостровот Оса (Костарика), градот Кари-ле-Руе (Франција), автопатот „Тиога пас“ (Калифорнија, САД), Филандија (Колумбија), Ишикава (Јапонија), Сребреник (Босна и Херцеговина), Флам (Норвешка), Њукасл (Австралија) и многу други.


Read Previous

ДИК потврди 303 листи за градоначалници и 558 за советници