September 17, 2025

Во јули годинава прометот во индустријата е зголемен за 13.8% во однос на истиот месец лани

Во јули годинава прометот во индустријата е зголемен за 13,8 % во однос на истиот месец лани, во споредба со јуни 2025 година бележи опаѓање за 0,7 проценти, додека во периодот јануари – јули 2025 година во однос на периодот јануари – јули 2024 година пораснал за 8,1 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Вкупниот промет во јули 2025 година во однос на јули 2024 година бележи пораст кај интермедијарни производи, освен енергија за 2.6%, капитални производи за 36.4 %, трајни производи за широка потрошувачка за 7.2 % и нетрајни производи за широка потрошувачка за 2.6%.

Прометот во индустријата на домашниот пазар во јули 2025 година во однос на јули 2024 година бележи пораст од 3.4 %, додека во периодот јануари – јули 2025 година, во однос на периодот јануари – јули 2024 година, бележи опаѓање од 1.3 %.

Прометот во индустријата на странските пазари во јули 2025 година, во однос на јули 2024 година, бележи пораст од 17.4 %, додека во периодот јануари – јули 2025 година, во однос на периодот јануари – јули 2024 година, бележи пораст од 10.3 %.

Skopjeinfo

Read Previous

Собир во Скопје за сеќавање на жртвите од пожарот во Кочани

Read Next

АХВ почна со орална вакцинација на лисиците против беснило, внимателно движете се во природа