
Ксамил, едно од најубавите крајбрежни места во Албанија и вистински бисер на Јонското Море, продолжува да биде омилено место на странските и домашните туристи.
Се наоѓа во јужниот дел на земјата, во близина на градот Саранда и Националниот парк Бутринт, кој е заштитен од УНЕСКО. Ова мало крајбрежно место е познато по белите песочни плажи, тиркизно чистата вода и малите островчиња што може да се посетат со чамец или дури и со пливање.
Плажите во Ксамил се идеални за оние што сакаат одмор во мирна и романтична атмосфера. Водата е плитка и топла, што го прави местото привлечно и за семејства со деца. Освен капење и сончање, посетителите уживаат и во свежата морска храна, особено во прочуените јадења од риба и школки.
Последниве години Ксамил станува сѐ попопуларна туристичка дестинација, привлекувајќи патници од цела Европа и пошироко. И покрај тоа, местото сѐ уште ги задржува природната убавина и шарм, што го прави посебно.
Во периодот јануари-август 2025 година Албанија пречека околу 9 милиони странски посетители, околу 500 илјади повеќе од овој период во 2024 година, според официјалните податоци од Министерството за туризам и животна средина.