September 10, 2025

Активен пожарот кој избувна вчера во Дрисла, гори поголема количина отпад

Пожарот што избувна на 09.09.2025 година, во 15:15 часот, на депонијата Дрисла сè уште е активен. Во централниот дел на депонијата гори поголема количина отпад, при што се испушта густ чад кој се чувствува и во пошироката околина, велат од ЦУК.

„Во гаснењето на пожарот интервенираат 7 пожарникари со 2 противпожарни возила од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.

Според моменталната состојба, пожарот не се шири и не претставува закана за околната шума, населба или населено место.“, се додава во соопштението од ЦУК.

Read Previous

Ксамил, една од најпопуларните туристички дестинации во регионот

Read Next

Полицијата доби 23 нови мотоцикли и опрема