September 10, 2025

Северна Македонија изрази солидарност со Полска по навлегувањето на руски дронови во полскиот воздушен простор

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Северна Македонија, Тимчо Муцунски, денес изрази солидарност со Полска oткако руски дронови синоќа го нарушија полскиот воздушен простор.

„Северна Македонија стои со целосна солидарност покрај нашиот сојузник Полска и покрај сите НАТО-сојузници“, му порача Муцунски на полскиот колега Радослав Сикорски преку објава на американската компанија за социјални мрежи Х.

Тој посочи дека ваквите нарушувања на воздушниот простор на НАТО се директна закана за безбедноста.

„Несовесните нарушувања на воздушниот простор на НАТО од страна на Русија се неприфатливи и претставуваат директна закана за безбедноста на нашите граѓани и клучната инфраструктура“, додава тој во објавата.

Утрово Полска соопшти дека соборила беспилотни летала кои во повеќе наврати го нарушиле нејзиниот воздушен простор за време на руските напади врз украински цели.

Read Previous

Владата ги негира обвинувањата на СДСМ дека троши државни пари за партиска кампања

Read Next

Ксамил, една од најпопуларните туристички дестинации во регионот