September 3, 2025

Приведени три лица од тетовско барани по потерници за издржување затворски казни

На 02.09.2025 во 10:00 часот во с.Желино, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово го привеле Ш.С.(25) од с.Требош, тетовско, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна за сторено кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик.

На 02.09.2025 во 20:30 часот во с.Горно Седларце, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Камењане го привеле Б.З.(42) од с.Горно Седларце, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна за сторено кривично дело по член 144 од Кривичниот законик.

На 02.09.2025 во 20:00 часот во с.Расадиште, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово го привеле И.А.(35) од с.Расадиште, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна за сторено кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик.

Тројцата биле спроведени во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казните.






ТV21

Read Previous

Георгиев со писмо до ЕУ: Иницијативата за оцена на уставноста на Протоколот од договорот за добрососедство меѓу Бугарија и Македонија е непотребна провокација

Read Next

Мицкоски: Македонија добива нова енергија и работни места