
Непотребна провокација и правно апсурдна постапка. Вака бугарскиот министер за надворешни работи Георг Георгиев, ја опишува иницијативата за оцена на уставноста на Протоколот од договорот за добрососедство со Бугарија, поднесена до Уставниот суд од поранешната пратеничка, Лилјана Поповска.
Во писмо испратено до шефовите на европските дипломатии, како и високата европска претставничка за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, и еврокомесарката за проширување, Марта Кос, Георгиев изразува загриженост дека оваа иницијатива претставува уште еден проблем кој сами го создаваат властите во Скопје, со сериозни импликации за европската перспектива на Македонија. Тој тврди и дека иницијативата е поднесена во координација со владеачката ВМРО-ДПМНЕ, како уште еден изговор за да не бидат спроведени обврските кон ЕУ.
Георгиев во писмото потенцира и дека официјална Софија нема да прифати никакви промени на Протоколот од 2022-та година, независно од политичките или правни процеси во Македонија.
Телма