August 30, 2025

Двајца приведени за подметнување пожар кај Тиквешко езеро

Кавадаречката полиција вчера околу 19:00 часот ги приведе З.К. (33) од Бегниште, кавадаречко и И.И. (19) од Кавадарци, поради сомнение дека предизвикале пожар на сува трева, трње и нискостеблеста шума кај месноста викана Блато на Тиквешко езеро, во атарот на село Куманичево.

Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат со вклучување на авиони од Дирекција за заштита и спасување, возила на интервентивната пожарна бригада при ДЗС и територијалната противпожарна единица Кавадарци.

Увид извршила екипа од ОВР Кавадарци, а се работи на целосно расчистување на случајот. Полицијата апелира до граѓаните да ги почитуваат правилата за безбедност при работа и престој во природа за да се избегнат вакви инциденти во иднина.






ZOOM

Read Previous

Во ноември уште тројца пилоти ќе се обучуваат за управување со ертракторите за гаснење пожари

Read Next

Турција го затвора воздушниот простор и пристаништата за Израел поради ситуацијата во Газа