August 11, 2025

Мицкоски: На овие избори да зборуваме за проекти, а не за теми пред 20 години

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, упати повик до политичките опоненти да се фокусираат на иднината и развојните проекти, наместо на теми кои, како што рече, ја враќаат државата 20 години назад.

„Тие играат на картата на кратко помнење. Затоа би сакал да ги повикам сите граѓани, и Македонци и Албанци и Срби, Власи, Бошњаци, на овие избори да бираат меѓу концептот која 20 години ја опостуваше Македонија, и тоа нема никаква врска со права или Рамковни Договори, и оние кои сакаат заеднички да градиме иднина. Затоа повикувам да размислат, дали ќе паднеме во замката да создадат параноична ситуација од пред 20 години, или да зборуваме за нови инвестиции, сали, училишта, градинки…“, изјави Мицкоски.

Тој испрати апел граѓаните да се воздржат од теми кои ја враќаат земјата во минатото.

„Апелирам до сите разумни политичари, да не играат на картата на оние кои сакаат да не вратат 20 години нанзад. Да гледаме напред, да носиме инвестиции. Да ги оставиме полчитичарите кои делеа во минатото. Тие не знаат што е иднина, тие се заглавени во својата матрица во минатото. Единствената порака која доаѓа после 14-15 месеци во опозиција е поделба. Апелирам да се воздржуваме на теми кои не враќаат во минатото, и да зборуваме за проекти и за иднина“, рече Мицкоски кој кажа дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде апсолутен победник на изборите.





TV21

Read Previous

Протести за поддршка на палестинскиот народ на над 100 локации низ цела Грција

Read Next

Кривична против државјанин на Албанија, измамил две лица од Тетово за 11.000 евра