
Официјални претставници ја пресекоа лентата на отворањето на градинката „Бамби“ во Чаир, по што неколку деца седнаа во новите клупи.
Оваа градинка ќе ги прифаќа децата од 9 месеци до 6 години, и покрај групите на албански, ќе има и групи на турски и босански јазик.
Првиот вицепремиер Изет Меџити најави дека многу скоро ќе бидат отворени уште две нови градинки во Чаир.
„Ова чинеше околу 2 милиони евра, од Владата се издвоени уште над 3 и пол милиони евра за изградба на истите, со цел конечно да заминат во историјата бараките и старите комунистички објекти во Чаир“, вели Изет Меџити.
„Како влада и министерство остануваме посветени секое дете да има пристап и грижа во квалитетно образование, без разлика дали живее во град или доаѓа од некое мало село“, порача Фатмир Лимани.
Градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, истакна дека нивната образовна политика се фокусира на конкретни проекти со директно и долгорочно влијание. А директорката на градинката „Фидани“, Ѓозиме Бакиу, ги увери родителите дека нивните деца ќе бидат во безбедна средина.
„Оваа инвестиција е конкретен одговор на реалните потреби на една територија со брз урбан и социјален раст каков што е Чаир“, вели Висар Ганиу.
„Овој објект на градинката Фидани има капацитет од 350 деца, со 21 училница изградена и опремена според модерни европски стандарди, каде секој детаљ е внимателно осмислен за да обезбеди што побезбедни, едукативни и топли услови за нашите деца“, вели Ѓозиме Бакиу.
Инаку, темелите на оваа градинка беа поставени на 25 декември 2020 година, а требаше да биде отворена во ноември 2024 година.
TV21