August 8, 2025

Голем пожар во болница во Атина

Пожар избувна во болницата „Сотирија“ во грчката престолнина – Атина утрово. Засега нема информации за повредени.

30 пожарникари со 12 возила, вклучувајќи специјално возило со рампа и скали, учествуваат во гаснењето на пожарот, објави „Катимерини“.

Пожарот избувна на првиот кат од одделот за патологија, кој беше евакуиран како превентивна мерка, објавува порталот „Та неа“.

Според информациите од противпожарната служба, нема извештаи за некој заробен во болницата.

Причината за пожарот сè уште не е утврдена.

Read Previous

Промовирана „училишната кошничка“ –  Ќе важи за книжарници, супермаркети, спортски продавници

Read Next

На Табановце се чека околу 20 минути