August 7, 2025

Зголемување од 20% на платите во јавните установи за социјална заштита

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани и Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на Република Македонија (УПОЗ), претставуван од претседателот Трпе Деаноски, како и Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК), претставуван од претседателот Јаким Неделков, од другата страна, денес официјално го потпишаа Колективниот договор за вработените во јавните установи за социјална заштита.

„Со овој Колективен договор се овозможува зголемување на платите за 20% за сите вработени, вклучително и за директорите на јавните установи за социјална заштита, што претставува значаен чекор кон подобрување на нивниот материјален статус и мотивација за професионално извршување на одговорните задачи.

Покрај финансиските бенефиции, договорот ги унапредува и правата од работен однос, ги засилува механизмите за заштита на работниците и го продлабочува социјалниот дијалог меѓу Владата и синдикатите.

Ова е признание за трудот, посветеноста и хуманата мисија на сите вработени во системот на социјална заштита. Верувам дека со подобри услови за работа, ќе обезбедиме и подобри услуги за граѓаните”, истакна Лимани по потпишувањето.






ZOOM

Read Previous

ВАР системот стана реалност во МФЛ

Read Next

Владата ја продолжи кризната состојба за шумските пожари за уште 30 дена