July 14, 2025

Превентивна активност на СВР Скопје за заштита од пожари и бесправна сеча

Вчера Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со ЈП „Национални шуми“ и Шумската полиција, на подрачјата на ПО Сарај, поточно во рекреативниот центар Матка, спроведе превентивна активност во рамки на кампањата за спречување на шумските пожари и бесправната сеча на дрва.

Притоа, во рамки на активноста, во разговор со посетителите беше потенцирано дека е потребна континуирана соработка со надлежните институции и задолжително пријавување на несовесно однесување, како што фрлање и палење на ѓубре, палење оган на отворен простор или во близина на шумски појаси, фрлање на отпушоци и слично, со цел брза и навремена реакција на институциите.

Исто така беше нагласено дека во летниот период и зголемените температури, расте и опасноста од предизвикување на пожари од невнимание. Затоа, беше посочена потребата од заштита и намалување на ризикот од настанување на шумски пожари и пожари на отворен простор. Посетителите беа информирани и за законските одредби и санкции особено во поглед на законскaта регулатива која го опфаќа делото пожар, односно „предизвикување општа опасност“, регулирано во Кривичниот законик на РСМ по член 288, со што се предвидува казна затвор од 6 месеци до 5 години.

Целта на оваа активност беше да се зголеми безбедносната култура, но и да се зајакне довербата и соработката меѓу полицијата и граѓаните. Воедно, на посетителите им беа делени и информативни летоци изработени од ЈП „Национални шуми“.






Skopjeinfo

Read Previous

Двајца осомничени за насилство врз градоначалничката на Скопје

Read Next

Сиљановска-Давкова: „Галичка свадба“ ја отсликува македонската народна традиција и култура