July 12, 2025

Албанскиот претседател Бегај во посета на Охрид, Сиљановска ќе го пречека во вила „Билјана“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска во Охрид ќе биде домаќинка на претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, кој ќе престојува во работна посета на земјава.

Албанскиот претседател ќе биде пречекан во вила „Билјана“ во Охрид, кадешто е предвидена средба и работен ручек со претседателката Сиљановска-Давкова. Во попладневните часови тие ќе посетат културно-историски знаменитости, а вечерта ќе присуствуваат на отворањето на фестивалот „Охридско лето“.

Сиљановска-Давкова ќе се обрати и ќе го отвори 65-то издание на Меѓународниот фестивал „Охридско лето“, којшто традиционално се одржува под покровителство на претседателот на државата.

За време на посетата, претседателот Бегај ќе биде придружуван од неговата сопруга Арманда Бегај.






Skopjeinfo

Read Previous

Изминатото деноноќие 38 пожари – активни се 3, под контрола 5

Read Next

За нова лична карта, возачка дозвола и пасош граѓаните можат да закажат онлајн