July 9, 2025

Европскиот парламент го поддржа влезот на Бугарија во еврозоната од јануари 2026 година

Европскиот парламент денес ја поддржа кандидатурата на Бугарија за усвојување на еврото, отворајќи ѝ пат на земјата да се приклучи на еврозоната од 1 јануари 2026 година.

Во клучното гласање, 531 пратеник на Европскиот парламент гласаа за, 69 беа против, а 79 беа воздржани.

Во усвоениот извештај се потврдува дека Бугарија ги исполнува сите неопходни критериуми за да го усвои еврото како официјална валута.

Откако земјите членки на ЕУ формално ќе ја одобрат одлуката, Бугарија ќе стане 21-та земја што ќе се приклучи на еврозоната.

Последната земја што го усвои еврото беше Хрватска, која влезе во еврозоната во 2023 година.

„Денешното гласање испраќа јасен сигнал: Бугарија е подготвена да се приклучи на еврозоната. Сите критериуми се исполнети, и овој чекор претставува клучна пресвртница во целосната европска интеграција на земјата и нејзините граѓани“, изјави бугарската пратеничка Ева Мајдел, која беше известувач за ова прашање по завршувањето на гласањето.

Мислењето на Европскиот парламент сега ќе биде доставено до земјите членки на еврозоната, кои се очекува да ја дадат својата конечна одлука подоцна денес.

Read Previous

Европратениците денеска ќе гласаат за Извештајот за Македонија

Read Next

Полицискиот хеликоптер утринава фрли 30 тони вода врз пожарот во Дојран