July 1, 2025

Во Скопје започна Самитот на лидери на Западен Балкан и ЕУ

Во Скопје започна Самитот на лидерите на Западен Балкан и Европската Унија (ЕУ), посветен на Планот за раст што е можност за евалуација на постигнатиот напредок и наредните чекори за зајакнување на европската интеграција на регионот.

На самитот, чиј домаќин е претседателот на Владата на Северна Македонија Христијан Мицкоски, присуствуваат комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос, лидерите од Западен Балкан, министри, високи претставници на ЕУ и регионални и мегународни организации.

Во рамките на самитот ќе се одржат два панела. Првиот ќе биде посветен на Планот за раст на Западен Балкан, а вториот панел ќе биде посветен на конкретните механизми и поддршката за спроведување на Планот за раст.

По првиот панел Кос и Мицкоски ќе одржат заедничка прес-конференција.

Покрај Мицкоски и Кос, на самитот присуствуваат и албанскиот премиер Еди Рама, премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ, претседавачката со Советот на министри на Босна и Херцеговина, Борјана Кристо, српскиот министер за европски интеграции Немања Старовиќ и вршителот на должноста премиер на Косово, Албин Курти.

Read Previous

Се запали глисер во Охрид

Read Next

Комесарката за проширување на ЕУ, Кос: Европа не може да биде обединета без Западен Балкан