
Тешка трагедија ја потресе италијанската општина Сан Џакомо ди Педероба, во близина на Тревизо, каде вчера, околу 16 часот, животот го загуби деветгодишно девојче со потекло од Македонија, пренесува „Ла Трибуна ди Тревизо“.
На местото на несреќата веднаш пристигнале противпожарни екипи, карабинери и нуркачи. По долга и напорна потрага, околу 18:30 часот нуркачите од противпожарната бригада го пронашле телото на девојчето, заробено меѓу камењата во реката.
Градоначалникот на општината и неговата заменичка, длабоко потресени од трагедијата, изразиле искрено сочувство до семејството и истакнале дека локалните власти се подготвени да помогнат на семејството на секој можен начин во овие тешки моменти.
TV21