June 28, 2025

Николоски се сретна со бугарскиот колега: Неопходна е изградба на европските коридори, особено коридорот 8

Министер за транспорт и врски и вицепремиер, Александар Николоски денеска оствари средба со вицепремиерот и министер за транспорт и врски на Бугарија, Гроздан Караџов. Средбата се одржа во рамки на форумот „Глобална транспортна поврзаност” што се одржува во Истанбул, каде имаше обраќање вицепремиерот Николоски.

На средбата, како што соопшти ресорното министерство, била истакната неопходноста за изградба и модернизација на европските транспортни коридори, со посебен акцент на железничкиот и патниот коридор 8, како предуслов до регионален економски развој и олеснување на транспортот и трговијата.

„Потенцирајќи го прашањето за железничкото поврзување меѓу двете земји, двајцата соговорници нагласија дека овој проект има регионална димензија, каде покрај економското значење, се наметнува и прашањето за стратешкото позиционирање на НАТО- алијансата преку поврзување на Јадранското и Црното море. Двајцата соговорници се согласија за нова средба во периодот кој следи, со цел заеднички да се усогласи текстот на договорот со кој ќе се постигне согласност за изградба на заедничкиот тунел, којшто треба да ги поврзе Македонија и Бугарија со што ќе се придвижат работите за реализација на железничкиот коридор 8“, наведуваат од Министерството за транспорт.

Двајцата соговорници се согласиле да испратат експерти да учествуваат на состанокот за коридорот 8 што го организира Европската комисија во јули.






Skopjeinfo

Read Previous

Македонец од Виена создаде сопствен бренд на часовници: „11и11 Саат“ е симбол на дизајн, филозофија и детал

Read Next

На Форумот за глобален транспорт во Истанбул истакната клучната улога на Турција во глобалната трговија