June 28, 2025

Лидерска средба ЕУ – Западен Балкан во Скопје: Фокус на Планот за раст

Во понеделник и вторник, Скопје ќе биде домаќин на лидерската средба Европска унија – Западен Балкан, посветена на спроведувањето на Планот за раст за регионот. На средбата ќе присуствува и еврокомесарката за проширување Марта Кос.

Од Владата информираат дека во понеделник е планирана тет-а-тет средба помеѓу премиерот Христијан Мицкоски и еврокомесарката Кос, по која ќе следи билатерална средба со проширени делегации од двете страни.

Главниот дел од агендата е закажан за вторник, кога ќе се одржат два панела. Првиот ќе биде фокусиран на Планот за раст за Западен Балкан, а обраќања ќе имаат премиерот Мицкоски и еврокомесарката Марта Кос. По панелот е предвидена заедничка прес-конференција.

Вториот панел ќе биде насочен кон конкретните механизми за поддршка и спроведување на Планот за раст, каде што ќе учествуваат министри од регионот, претставници на Европската унија, регионални организации и меѓународни партнери.

Како што потврди Европската комисија, на средбата во Скопје, покрај премиерот Мицкоски, ќе учествуваат и лидерите на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора.





TV21

Read Previous

Викендов ќе се прска против комарци во Скопје

Read Next

Во Грција има смртен случај од Конго-кримска хеморагична треска