June 26, 2025

САД ја продолжија вонредната состојба на Западен Балкан на уште една година

Извршната наредба за продолжување на вонредната состојба ја потпиша американскиот претседател Доналд Трамп, а ја објави федералниот регистер на САД.

Во документот се наведува дека националната безбедност и надворешната политика на САД се загрозени „од дејствијата на лицата кои учествуваат, помагаат, спонзорираат и поддржуваат екстремистичко насилство во Македонија и на други места во Западен Балкан, како и од попречувањето на спроведувањето на Дејтонскиот договор или кршењето на резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации“.

Во текстот се додава дека „дестабилизирачките дејствија, корупцијата и обидите за поткопување на суверенитетот на земјите во регионот претставуваат голема закана за националната безбедност и надворешната политика на САД“.






Канал5

Read Previous

Муцунски на настан во Хаг посветен на анализата на клучните одлуки донесени на самитот на НАТО

Read Next

Над 73% од потрошената струја во април била произведена во Македонија