August 4, 2025

„Водовод и канализација“ со апел до жителите на Скопје за рационално користење на водата

Јавното претпријатие „Водовод и канализација – Скопје“ информира за зголемена потрошувачка на водата и упати апел до граѓаните на Скопје рационално да ја користат водата за пиење.

„Особено апелираме да се избегнува непотребно трошење на водата за полевање на зеленило, бавчи и ниви, за миење автомобили, за полнење базени, но и спречување на злоупотребата преку дивите приклучоци“, порачаа оттаму.

Се истакнува дека со дивите приклучоци се нанесува директна штета на системот за водоснабдување и на квалитетот на водоснабдувањето до сите корисници во градот Скопје.

​​​​​​​Претпријатието им посочи на граѓаните на Скопје да пријават доколку забележат див приклучок.

Read Previous

ЕУ ја пофали Турција за големата поддршка за евакуација на граѓаните од Техеран

Read Next

Николоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе издвои убедлива победа на локалните избори, СДСМ ќе има помеѓу 0 и 3 градоначалници