June 19, 2025

Пронајдено беживотно тело во водите на Охридското езеро

Попладнево во водите на Охридското Езеро, пред плажата на Градскиот кеј во Охрид било пронајдено беживотно тело.

Информацијата ја потврди портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, кој истакна дека врз телото немало траги на насилство.

Местото е обезбедено и во тек е истрага која треба да ги утврди причините за трагичниот настан и околностите што довеле до него.

На лице место била повикана екипа на Службата за итна медицинска помош, која само констатирала смрт.






TV21

Read Previous

Муцунски во Италија: За нас членството во ЕУ е генерациска инвестиција

Read Next

ЕУ ја пофали Турција за големата поддршка за евакуација на граѓаните од Техеран