June 17, 2025

Јаневска: Над 13.200 пријави за упис во средно образование

Министерката за образование, Весна Јаневска на својот фејсбук профил објави дека „над 13.200 апликации се поднесени за упис во средни училишта за учебната 2025-2026 година“.

„Над 13.200 апликации се поднесени за упис во средни училишта за учебната 2025-2026 година. Првото пријавување во јунскиот уписен рок трае до полноќ. Следното е на 30 јуни, додека конечните ранг лист по двете пријавувања, училиштата ќе ги објават на 2 јули.

Потсетувам дека пријавувањето е електронски и се спроведува преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk, каде учениците се најавуваат со сопствените кориснички сметки на schools.mk. Платформата функционира одлично, а министерството им излегува во пресрет на сите кои имаат потреба од поддршка при аплицирањето“, вели Јаневска.







TV21

Read Previous

ЕК ја казни Грција со речиси 400 милиони евра поради злоупотреба на земјоделски субвенции

Read Next

Азербејџан ќе ја засилува соработката со Македонија за снабдување со гас – Гаши се сретна со Алиев