June 17, 2025

Армијата на Северна Македонија доби шест нови турски хаубици од типот БОРАН

Армијата на Северна Македонија ги доби првите шест нови лесни хаубици од типот БОРАН, развиени со домашни и национални ресурси на турскиот државен производител од одбранбената индустрија Машинска и хемиска индустрија (МКЕ), при Министерството за национална одбрана на Турција.

Според соопштението на МКЕ, БОРАН, кој беше пратен и во Бангладеш како прв извоз на хаубици од Турција во странство, сега со Северна Македонија стана прв извоз на хаубици во Европа.

Во рамките на договорот потпишан со Министерството за одбрана на Република Северна Македонија на 21 декември 2022 година, шест воздушно преносливи лесни хаубици од 105 милиметри и придружна муниција се успешно испорачани на 6 јуни 2025 година во земјата.

БОРАН, исто така, се одликува со тоа што е прва хаубица што Турција ја извезува на европскиот континент, има цевка со дијаметар од 105 милиметри и должина од 30 калибри.

– „Подготвена за истрел за помалку од една минута“

Со тежина од 1.745 килограми, вклучително и системот за контрола на оган, БОРАН може да достигне дострел од 17 километри на ниво на море и да биде подготвен за истрел за помалку од една минута.

Со системот за контрола на оган поддржан од ГПС, панорамски двоглед и можност за брзо распоредување, БОРАН нуди пофлексибилно, поефикасно и побрзо решение на терен во споредба со класичните системи.

БОРАН, кој успешно се користи во внатрешната безбедност и операциите поддржани од воздух на Турските вооружени сили, специјално е дизајниран за бригадите на командосите.

Read Previous

Ербас A350 првпат ќе слета во Скопје со летовите на „Туркиш ерлајнс“

Read Next

БиХ направи чекор кон усогласување на стандардите за интелектуална сопственост со ЕУ