August 1, 2025

Ербас A350 првпат ќе слета во Скопје со летовите на „Туркиш ерлајнс“

 Еден од најголемите и најмодерните патнички авиони во светот, Ербас A350, првпат ќе слета во Скопје со летовите на „Туркиш ерлајнс“ на 19 и 27 јули.

Овој настан ќе означи историски момент за македонското воздухопловство, првпат ќе слета и полета авион од типот Ербас A350 до и од Меѓународниот аеродром „Скопје“.

Ова е дел од редовната линија на „Туркиш ерлајнс“ на релација Скопје-Истанбул на 19 јули и Истанбул-Скопје на 27 јули.

Иако линијата е редовна, токму на овие датуми патниците ќе имаат ексклузивна можност да патуваат со авион од оваа класа што ретко се користи на кратки релации од ваков вид.

Ербас A350 е симбол на најновата генерација во комерцијалната авијација, со високо ниво на комфор, тивко летање, напредни технологии и поголем простор за патниците.

Во авионот може да се сместат повеќе од 300 патници, дизајниран е за долги релации, а на љубителите на авијацијата и на сите што сакаат да летаат им нуди поинакво искуство во воздух.

Покрај уникатното искуство на летање со A350, патниците ќе може да уживаат и во еднонеделен престој во Истанбул, град што нуди богата историја, култура, шопинг и гастрономија.

За повеќе информации во врска со летот може да контактирате со „Туркиш ерлајнс“.

Read Previous

Во Скопје започна Македонскиот енергетски форум

Read Next

Армијата на Северна Македонија доби шест нови турски хаубици од типот БОРАН