June 15, 2025

Хрватскиот конзул и неговата сопруга повредени во иранските напади врз Тел Авив

Хрватскиот конзул и неговата сопруга се повредени откако иранска ракета ја погоди зградата во која живеат во Тел Авив.

Хрватската амбасадорка во Израел, Весела Мрѓен Кораќ, потврди за хрватските медиуми дека зградата каде што живеат двајца хрватски дипломати е тешко оштетена.

„Конзулот и неговата сопруга претрпеле полесни повреди“, изјави амбасадорката за 24sata.hr.

Таа додаде дека евакуацијата од Израел не е можна поради затворениот воздушен сообраќај и честите напади.

​​​​​Во раните утрински часови во петокот, Израел изврши напад врз Иран, фокусирајќи се кон нуклеарни и ракетни постројки, во кои се загинаа повеќе од 104 лица, вклучувајќи високи воени команданти и научници, а ранети беа речиси 380 лица.

Иран возврати со напад со балистички ракети кои погодија повеќе локации низ Израел, во кои загинаа три лица, а ранети се повеќе од 90, објавија израелските медиуми.

Read Previous

Од вчера голема еко акција на кејот на Вардар

Read Next

Почнува електронското пријавување за упис во средните училишта