June 15, 2025

Почнува електронското пријавување за упис во средните училишта

Од денеска, 14 јуни, до 17 јуни на полноќ трае првиот рок за електронско пријавување на учениците кои од септември ќе започнат со настава во прва година во јавните средни училишта за учебната 2025/2026 година.

ријавувањето се врши преку системот за електронски услуги на Министерството за образование и наука, достапен на https://e-uslugi.mon.gov.mk, со најава преку сопствените кориснички сметки на платформата schools.mk.

По завршувањето на електронското пријавување, учениците треба да ја достават потребната документација до училиштата на 18 јуни (од 8 до 19 часот) и на 19 јуни (од 8 до 17 часот).

Конечната ранг-листа со резултатите од запишувањето и слободните места ќе биде објавена на 20 јуни 2025 година, најдоцна до 12 часот, на јавно место во училиштето и/или на неговата интернет-страница. Во училиштата каде што е предвидено квалификациско тестирање, истото ќе се спроведе на 23 јуни, кога ќе бидат објавени и резултатите.

Вториот рок за електронско пријавување во јунскиот уписен период ќе се одржи на 30 јуни 2025 година, од 00:00 до 23:59 часот. Документацијата ќе се доставува на 1 јули од 10 до 19 часот. Конечната ранг-листа ќе биде објавена на 2 јули, а квалификациско тестирање за овој рок ќе се одржи на 4 јули 2025.

Августовскиот уписен рок ќе се реализира на 21 август 2025 година, од 00:00 до 15:00 часот електронски, кога истовремено ќе се доставува и потребната документација до училиштата. Конечната ранг-листа ќе биде објавена на 22 август 2025.

Министерството за образование и наука во Конкурсот за запишување наведе кои документи се потребни за упис и ги даде сите насоки за спроведување на постапката. Сите информации се достапни и на веб-страницата на Министерството.





TV21

Read Previous

Хрватскиот конзул и неговата сопруга повредени во иранските напади врз Тел Авив

Read Next

Мицкоски: Земјоделството е стратешки приоритет на оваа Влада