June 15, 2025

Од вчера голема еко акција на кејот на Вардар

Град Скопје со градските јавни претпријатија започна со голема еко акција на кејот на Вардар, соопштија надлежните. 

Во акцијата ќе се работи на чистење на отпад, косење на тревните површини, уредување на патеките за пешачење и велосипедизам, како и санирање на урбаната опрема.

Како што порачаа од Град Скопје, акцијата има за цел уредување на јавниот простор покрај реката Вардар, како и подигнување на јавната свест за значењето на одржување на чиста и здрава животна средина.

Read Previous

ВМРО-ДПМНЕ објави нови 8 кандидати за градоначалници на локалните избори

Read Next

Хрватскиот конзул и неговата сопруга повредени во иранските напади врз Тел Авив