June 13, 2025

Се урна авион на Ер Индија со повеќе од 240 патници

Патнички авион на индиската авиокомпанија „Ер Индија“ се урна во близина на аеродромот во градот Ахмедабад кратко по полетувањето за Лондон. Според првичнте информации, во авионот имало повеќе од 240 патници.

Индиските медиуми јавуваат дека авионот се урнал во населено место во градот Ахмедабад на запад во државата. Сите патишта до областа се затворени.

Боинг Дримлајнер 787 има капацитет до 300 патници, а индиски медиуми јавија дека во авионот имало 242 патници и членови на екипажот.





Republika

Read Previous

За 20% е зголемен бројот на гости и ноќевања споредбено со април лани

Read Next

Средба на Николоски и Ле Риголер, работиме на унапредување на економската соработка меѓу Македонија и Франција